Неделно Евангелие  

НЕДЕЛА ПО БОЖИК
(Мт.2,13-23)

Веста за раѓањето на Спасителот на светот бргу се раширила на сите страни по Јудејската земја, а поминувајќи ги нејзините граници таа отишла дури и во далечните многубожечки краеви, на Исток. Таа дошла и до ушите на царот Ирод, а веста ја дознал од мудреците кои дошле од Исток во Ерусалим за да му се поклонат на новородениот цар и Спасител на светот. Доаѓајќи кај Ирод тие го запрашале: „Каде е новородениот цар Јудејски?“ (Мт.2.2), на што тој многу се изненадил, бидејќи се плашел од новородениот Цар за да не му ја одземе круната и престолот. Затоа веднаш измислил како да се ослободи од тој противник кој сеуште не го познава. И така намислил да Го убие штом ќе го пронајде.
Ниту малку не треба да не изненади оваа грозоморна одлука на царот, бидејќи тој бил подготвен за таков чин. Царот Ирод бил еден од најкрутите владетели кој биле на царскиот престол. Во него се воскреснати сите претходни тирани на стариот свет. Ирод на царскиот престол откако се оженил со Маријам, една од ќерките од последните цареви Израилски, а после тоа за да си го осигура престолот само за себе, ги убил сите членови на царското семејство, за да на крајот си ја убие и сосптвената жена и нејзините браќа. Значи тој владеел на отомански начи: не трпел во близина да има можен наследник и многу побезбедно се чувствувал откако ги убил сите оние кои можеле да му го одземат престолот.
Но иако толку крволочен, цар Ирод во исти врме бил и голем плашливец, тој се плашел дури и од својата сенка, со што ја потврдил старата вистина дека најголемите диктатори честопати се и најголемите плашливци и најмизерни никаквеци кои секогаш на најѕверски начин ги мачеле луѓето. Заради својата немирна совест тој насекаде гледал само непријатели; имал многу бујна фантазија и гледал зло дури и онаму каде навистина воопшто и не постоело. Затоа откако разбрал дека се родил новиот Цар, веднаш решил да го убие. Затоа надворешно се однесувал индиферентно, како што секогаш прават оние кои се на високи позиции, па ги распрашал мудреците и откако од нив дознал она што сакал, веднаш одлучил да и со новородениот Цар да го направи истото она што го и правел со многубројните жртви.Но колку и да била страшна таа неговаа одлука, да го убие Синот Божји, тој имал на располагање луѓе кој во секое време биле подготвени да ја извршат секоја негова заповед, бидејќи навистина „една од најголемата предност што ја имаат властодршците над останатите луѓе е тоа што имаат така добри служители како што се и самите тие“, па затоа и секогаш се наоѓаат оние кои ќе го извршат најгрозоморното дело, само да ја добијат наградата од заповедникот. За жал кога еден владетел бара злосторство него многу добро го слушаат, па се случува да и луѓе со доста висок морал да посакааат да се присоединат кон некаква владетелска мрачна нредба, а камоли пак оние послабите.
Така на пример своевремено цар Саул од омраза кон цар Давид му наредил на својот војвода Доил Идумеец да ги убие Господовите свештеници затоа што првосвештеникот Ахимелах му дал на Давид прибежиште и го нахранил. Војводата ја извршил оваа наредба и ги убил сите осумдесет и пет свештеници и не само нив, ги убил и останатите луѓе, жените и децата и сета нивна стока (1Сам. 22,18-19).
Меѓутоа колку и да бил подготвен Ирод за најголемото зло на светот и моќен да го изврши најгрозоморното злосторство планот не успеал. Бог не дозволил Ирод да ја исполни својата намера. Волјата Божја не била новороденото Дете да загине од рацете на овој цар -крвник. Навистина Господ Исус Христос дошол на светот за да пострада и да се принесе на Бога за жртва за сите луѓе на светот. Он дошол да умре со маченичка смрт на крст и така да ги спаси од гревот и од вечните маки. Но сепак не дошол за да веднаш по раѓањето пострада од рацете на царот Ирод. И затоа по Божја интервенција мудреците не се вратиле кај царот (Мт.2,12), а праведниот Јосиф бил повикан заедно со детето да бега во Египет…
Кога видел Ирод дека е излаган издал заповед, достојна за него и неговата злосториничка природа, имено заповедал да сите машки деца во Витлеем и околината до две години бидат убиени. Го направил Ирод тоа со надеж дека меѓу убиените ќе биде и неговиот непознат наследник. И така била пролеана крвта на мнозина невини младенци, па и онаа патека по која Исус ќе тргне во светот, веднаш при почетокот била потопена со крв на најмладите маченици…
Од тогаш откако се одиграла оваа крвава драма поминале низа векови па сепак ние неможеме да се помириме со неа, туку не иритира да си го поставиме прашањето: Зошто Бог дозволил да се случи едно така гнасно злосторство; зошто Он дозволил да пострадаат овие невини деца?
Одговор на оваа прашање е:
Во времето кога Синот Божји дошол на земјата, расипаноста на луѓето ја достигнала својата кулминација така да не постоело зло за кое тие не биле подготвени да го направат.. Тогаш човештвото стоело пред морален колапс од кој немало излез. А Ирод бил најдостојниот преставникот на морално пропаднатиот човек.Таа расипаност била толку голема та не ги штедела ниту децата, морално пропаднатиот човек бил подготвен да го убие дури и новородениот Спасител Синот Божји. А кога бил спречен во таа намера, тој немоќен во својот бес посегнал на животите на невините деца во Витлеем и околината. И така тогаш постанало сосема јасно дека дошол последниот час и дека крајно време е да му се пријде на помош на паднатиот човек, за да може да тргне по друг нов пат. Витлеемските младенци ги изгубиле своите животи и со тој грозоморен чин од една страна се огледала страшната морална распипаност на стариот човек, а од друга страна, за да би останал во живот Оној кој бил повикан да го изврши божанското дело: да го обнови и препороди духовно паднатиот човек.
Кога вака би гледале на трагдијата на вителеемските деца тогаш таа и покрај сета грозотија ни се јавува како неопходна потреба во низата на сите оние случувања кој ќе следат за да би се извршило величественото дело: спасување на човечкиот род. Со својата смрт овие младенци овозможиле да остане во живот Синот Божји и подоцна да ја изврши својата мисија на земјата, за која Он и милиони луѓе подоцна ќе ги положат своите животи. Од пролеаната крв на витлеемските младенци, а подоцна и од крвта на милиони маченици, на чело со најголемиот маченик на овој свет, од крвта на Синот Божји, ќе изникне новиот препороден човек. Спасителовата наука постепено ќе ги оплеменува душите и срцата на луѓето, и тие да отпочнат еден нов начин на живеење, во која ќе господари љубовта која Господ Исус Христос ја проповедал. Тоа е времето на љубовта, кога меѓу луѓето ќе нема повеќе омраза, ниту било какви пороци, туку меѓу нив ќе царува вечниот мир и добрата волја. Тоа ќе биде она златно време за кое луѓето уште од памтивек тежнеат и постојано го посакуваат.
На крајот како достоен епилог на крвавата драма во Витлеем ќе напоменам дека цар Ирод не останал неказнет поради злосторството што го извршил. „Зла смрт го снаоѓа грешникот“ – се вели во Светото Писмо(Пс.33,22), а и крајот на цар Ирод навистина бил грозен. Тој бил легнат во постела од страшна и неизлечива болест; нозете му биле во отоци; дишењето му било тешко, а од неговиот здив се ширела неподнослива смрдеа, така да никој неможел да издржи во негова близина. Ирод посегнал и по сопствениот живот, но во тоа не успеал. И така телото уште на животот му се распаѓало и на крајот изеден од црви тој умрел во страшни маки(Мт.12,23). А по неговата страшна смрт тој се нашол таму каде што „нивниот црв не гине, и огнот не изгаснува“(Мк.9,48). Ете каков е човекољубивиот Бог: Он една врата затвара за да би се други стотина отвориле. Навистиан Витлеемските младенци невино пострадале, но со својата маченичка смрт овозможиле милиони и милиони луѓе преку животот и мисијата на Синот Божји, како и преку Неговата жртва, принесена на крстот, да добијат вечен живот. Слава и похвала на големата жртва на Витлеемските деца! Амин.


НЕДЕЛА ПРЕД БОЖИК
(Мт. 1,1-25)
Го проследивте денешното Неделно евангелие и слушнавте како беа наброени многу имиња. Го наброивме народите од Авраам до Давид, од Давид до Вавилоснкото преселување и од Вавилонското преселување до Христа.
Знам дека сте во двоумење и сигурно се прашувате: зошто ли се читат овие имиња; зошто се запишани; на кого му се потребни; како би можеле да се поучиме од нив?…
Тоа е, браќа и сестри, родословот на Спасителот – и тоа човечкиот!
Преку деталното набројување на тие народи, светиот апостол и евангелист Матеј сака да покаже на еврејскиот народ дека Исус Христос е навистина ветениот Месија од Давидовиот род.
А пред нас се истакнува дека Синот Божји станал и Син Човечки, се ородил со нас луѓето; Синот Божји станал и Син Човечки; Он станал наш брат по тело.
Така Бог го засакал светот, што го испратил Својот Единороден Син да се овоплоти, за да не обожи. Свети Атанасиј Велики пишува: „Он се овоплотил, за да и ние се обожиме“. Колкава неизмерна и неопишлива е таа Божја милост!…
Да размислеме, браќа и сестри, кое е крајното значење на тоа големо ородување со Исус Христос! Можеме ли да замислиме: Колку не задолжува тоа, колку не обврзува?!
Еве да речеме, дека имаме некој близок роднина – многу учен, на некоја висока и одговорна функција, познат низ целиот свет и нема ли ние да се гордееме со него, нема ли да се фалиме со него. Тој за нас претставува потпора, наша гаранција ако може така да се каже! – И затоа ние сме многу внимателни, претпазливи во животот, при вршењето на постапките. Се плашиме да не направеме нешто недолично, со кое би го нарушиле високото достоинство на вашиот роднина. Водеме сметка да не направеме нешто што не само би не осрамотило нас туку и нашиот роднина. Ги слушаме неговите совети и препораки, се грижиме да му угодиме и слично.
Сега да се навратиме на она за што зборуваме за Христа. Ако нашето сродство со луѓето ни наложува толку големи задолженија и не одвраќа од лоши и недолични дела, колку повеќе не обврзува високото сродство со Бога со Синот Божји – со Господ Исус Христос.
Сметам дека нема да презголемам ако речам: дека нашата близина со Христа не обврзува да живееме како ангели во тело, како што живееле светиите. Според Светото Писмо:
Повикани сме да бидеме свети како што е свет нашиот Отец Небесен (Лев.11,44).
Треба пред себе секогаш да го имаме за пример животот на Спасителот. „Поучете се од Мене – ни вели Он – бидејќи сум кроток и смирен по срце“ (Мт.11,29)!
Да пројавуваме милост: да бидеме милостиви, како што е милостив нашиот Отец Небесен“(Лк.6,36)!
Да внимаваме на себе срцата да не ни бидат оптоварени со прејадување и пијанство, и грижа за овој свет (Лк.21,34)!
Со трпение да си ги спасуваме душите (Лк.21,19)! Потоа,
Светост, кротост, смирение, милост, воздржување и трпение – такви небесни, такви благопријатни рајски цвеќиња да растат во градината на нашето срце, да ги украсуваат нашите души, да се овенчуваат нашите животи – за да бидеме достојни роднини на нашиот Спасител!
Да се чуваме како Божји храм – во чистота и светост!
Да не се гневиме и да стануваме злобни!
Да не се гордееме!
Да не служиме за понижение на другите, особено на „најмалите Христови браќа“ (Мт.25,40- и 45).
Браќа и сестри,
Светиот, Безгрешниот Христос чие што име го носиме – нели се нарекуваме христијани! Ни налага должности, кои треба во потполност да ги исполнуваме.
Нашите мисли, нашите чувства, нашите желби, стремежи и решенија, нашите дела, нашиот живот треба да е достоен за Христа! Да светат, - да го прославуваат Христа, а не да го понижуваат! Да не го валкаме името хриситјани!
Ние, браќа и сестри, секој ден ја изговараме Господовата молитва и велиме: Да се свети името Твое! А како ќе се свет? Кој ќе го свети? Се разбира ние христијаните и тоа единствено ако живееме свето, ако ги исполнуваме Божјите заповеди!
Благочестиви,
Божјото име само по себе си е свето! И ние со ништо не ја зголемуваме Неговата светост – туку од нас се бара ние постојано да го светиме Божјото име и тоа преку нашиот благочестив живот, односно нашиот живот да биде свет!
Браќа и сестри,
Синот Божји стана човек, за да го издигне човекот, да го обнови повредениот Божји образ во човекот. Он дојде за да не од трнлива шипка (се мисли на нас грешниот човек), да направи убава, прекрасна, благопријатна роза. Он стана човек, за да ја обнови човечката природа, да ја промени и обожи.
Затоа да бидеме со Христа! Да бидеме Христијани не само на име туку и со целокупното наше живеење, за да се удостоиме да станеме и жители и на Небесното Христово Царство. Амин.



Сайт создан в системе uCoz