Задушница  

Благочестиви христијани и христијанки,

Светата православна Црква саботата ја одредила како ден за спомнување на покојните, но денешната сабота е определена како општ ден за спомнување на умрените и е наречен митровденска задушница.

Браќа и сестри,

Православното христијанско учење за спомнување на мртвите се засновува на верата за бесмртноста на душата и воскресенито на телото. Умрените според зборовите Христови не умираат во вистинска смисла на зборот, туку со смртта преминуваат од овоземниот во вечниот живот.

За да се објасни есхатолошкото учење на нашата вера потребно е многу време, но на кратко ќе се обидам да ви ја објаснам смислата и значењето на спомнувањето на покојните и молењето за нивните души.

Благочестиви христијани и христијанки,

Преку смртта ние не умираме, не престануваме да постоиме, туку преминуваме од еден во друг живот. Безграничната љубов на нашиот небесен отец определила да нашиот земен живот биде само подготовка за вечниот живот. Но сите членови на Црквата не умираат сио покајание и потребна подготовка за вечен живот и се успокојуваат со многу гревови, зашто е речено нема човек кој е живеел, а да не згрешил. Но сепак, христијанската љубов која ни овозможува да се молиме за живите не повикува да се молиме и за умрените. Љубовта не престанува никогаш, таа не следи и по смртта во другиот свет, што значи со поголема грижа на нас живите, блиски на умрените овде на земјата можеме да се молеме за простување на гревовите на умрените. Неизмерната Божја милост не ја сака смртта на грешникот, туку тој да го согледа својот грешен пат, па да се врати и да биде жив, та и затоа ни овозможува средства за ваква грижа. Што укажува на тоа дека молејќи се на Бога за нив и и правејќи добри дела во нивно име го зголемуваме бројот на оние кои ќе воскреснат за вечен живот.

Од претходно изложеното произлегува и прашањето: Како треба да се спомнуваат умрените?

Христијаните се должни, за таа прилика, да подготват варена пченица, чие зрно симболично означува дека умрените ќе воскресне "тоа што го сееш ти нема да оживее ако не умре" (Кор.15,36). Уште е потребно вино и леб, кои го претставуваат Христос кој се принел за спасение на луѓето и уништување на смртта.

Тоа се основните елементи кои се потребни за правење помен на покојните. За овие спомени светата црква пропишала и молитви кои се читат при самиот помен. Сите чинодејства, па така и помените се вршат со запалени свеќи кои укажуваат на светлоста на вечниот блажен живот.

Ќе напоменам дека при вршењето на помен се раздава храна во спомен на умрените, а самиот чин е во врска со апостолската одлука во која се вели: "Од нивниот имот дадете на сиромаси за нивен спомен".

Овде би сакал да кажам дека за спомнување на мртвите постојат и посебни денови кога треба да се спомнуваат умрените. Покојните се спомнуваат на третиот, деветиот и четириесетиот ден, потоа на шесте месеци, на годишнината, некаде и на две годишнината, и на тригодишнината, Самите називи ни кажуваат во кој ден треба се врши поменот.

Самите помени, препорачливо е да се вршат во сабота, бидејќи тој ден е и определен за спомнување на сите мртви како седмичен помен.

И на крајот можеме да кажеме дека:

"Само оние луѓе живеат мудро на земјата, кој на својот живот гледаат како подготовка за вечниот живот".

Напишите мне



Сайт создан в системе uCoz