Верата во Бога  

ГОСПОДИ ЗАСИЛИ ЈА ВО НАС ВЕРАТА


“Ако можеш да поверуваш?

Се е можно за оној што верува! (Мк. 9. 23)


Се разбира дека ние веруваме во постоењето на Бог и таа наша вера е длабоко врежана во нашите срца. Но, сепак, иако сакаме нашата вера да биде цврста и непоколеблива тоа лесно не можеме да го реализираме. На патот кон вистинската и цврста вера среќаваме најразлични препреки, а тоа се искушенијата, сомнежот и колебањето. Иако и тие не се без никаква смисла и значење сепак искушенијата и сомнежот ја испитуваат нашата вера. А човек со испитана вера може да каше: -Знам во кого сум поверувал.

Силата на верата е неограничена, таа навистина прави чуда. Но, тие чуда се плод на верата и во многу случаи верата е предуслов за да се манифестира Божјата сила, а тоа многу јасно е потврдено во случката на исцелување на човекот со нечист дух (Мк. 9. 14-29).

Несреќниот татко го довел пред апостолите својот син кој бил обземен од нем дух. Но што се случило? Но тие не можеа да го излекуваат. Таткото го молеше и Господа за милост: ако можеш, смили се над нас и помогни ни! Но на она човечкото ако Господ поставува спротивен услов, Божественото ако и му вели: “Ако можеш да поверуваш?Сè е можно за оној што верува! И одеднаш таткото на момчето извика и со солзи рече: Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!

Но, чуден одговор!? Како може човек да исповеда две спротивни нешта? Како може да ја исповеда и својата вера и своето неверие? Како може истовремено и да верува и да не верува? Зарем овде нема противречност? Што сакал да каже овој несреќен татко?

Верувам дека ќе се согласите со констатацијата дека несреќниот татко бил човек верник, инаку, зошто би го водел синот кај Господа да го излечи ако не верувал во тоа. Но кога Господ му рекол: -Ако можеш да поверуваш..., во тој момент таткото констатирал до кој степен е неговата вера, дека во однос на желбата неговиот син да биде излечен, верата му е многу слаба и недовлна, со други зборови многу поблиска до неверите . Точно е дека тој го увидел своето маловерие скоро еднакво на неверие па затоа Го моли Господ да му помогне во неверието.

Епилогот на оваа трогателна исповест е: - Исус, пак, откако го фати за рака.го исправи; и тоа стана.

Се поставувува прашање: Колку пати сме биле на местото на тој татко и колку пати сме барале помош од Бога? Многупати, но ќе констатираме дека не секогаш сме добивале помош од Бога. Што значи упатуваме молба до Бога, но таа останува не услишана. Зошто бараме, а не добиваме? Тоа е така затоа што зло бараме. Затоа што нашата молитва не е пропратена со цврста непоколеблива и силна вера.

Но овде се истакнува и уште еден предуслов. За да се исцели болниот покрај верата била потребна и молитвата и постот, -како најкарактеристични манифестации кои и помагаат на верата.

Да застанеме и ние на испитот на верата, Да се преиспитаме дали и ние вистински веруваме во Бога и Неговата совршена сила? Ако пак веруваме, да се преиспита како веруваме. Дали нашата вера поминала низ оганот на искушенијата и дали е искалена?

Ако констатираме дека сме немоќни и имаме слаба вера да се молиме како некогаш апостолите: Господи засили ја во нас верата.

Пишете



Сайт создан в системе uCoz