Жената, по Втората светска војна, беше “еманципирана” и “израмнета” со мажот. Освен мошне обемниот и крајно одговорен ангажман во домот и семејството, кое претставува темел на општеството - таа беше оптоварена уште и со службена обврска и општествени задолженија. Чуствувајќи немоќ, и недостаток на време и сили, за да одговори на сите тие барања, таа се најде принудена да бара излез од таа мачна состојба. Во тие свои напори за самоспасување од неправедно наметнатиот товар, нејзе и се покажа најлесно да го редуцира својот мајчински позив. И така, постепено, од година во година, од деценија во деценија, се дојде до денешната противприродна и опасна положба на минијатурно семејство, со едно или најмногу две деца.
На тој начин, задоволувајќи се со симболично мајчинство - жената си го реши својот проблем. Меѓутоа, општеството се најде во немила, непланирана и застрашувачка положба, на изумирање, преку минималниот наталитет, кој фактички значи морталитет.
Освен таа материјална демографска загуба, општеството трпи и морална загуба: Жената, тој столб, нежен и емоционален пол се најде во немила улога на злосторник! од најтешка вид: убиец и тоа на своите сопствени деца! Таков страшно зло не прават ни “неразумните” животни, освен свињата која понекогаш ги јаде своите млади. Според сведоштва на лекари-гинеколози, секоја жена просечно е виновна за смрт на шест до осум потенционални рожби, определувајќи се за крајно варварскиот акт на абортирање. За убиство на човек, кривичните закони предвидуваат лишување од слобода во траење од 10-15 години. Значи, жената со гордост денес е наречена “еманципирана жена”, а виновна е за деликти кои би требало да и донесат доживотен затвор, како тотален злочинец. Ете го најзрелиот плод на неприродната еманципација на жената која е исфорсирана и беше преквалификувана во “маж”. Ние ги осудуваме нацистите за масовни убиства во крематориуми, а денес од Бога благословената мајчинска утроба на секоја жена се претвори во мал крематориум. Поради тие невидени злочини на жената денес целото општество преживува казна од Бога! Но во одбрана на жената, сепак, можеме да речеме, дека таа не е главниот виновник за својата кривица: таа само несвесно прифати една доделена улога.
Кривицата на жената на терезија на Божјата правда
Раѓањето на деца во Стариот и Новиот Завет е сметано за Божји благослов, што може да се види од следните примери: 1Мојс. 1,28; 8,17; 9,1; Јов. 10,29; Евр.2.13 и т.н. Безчадието се сметало како посебна казна од Бога, што може да се потврди во: 1Мојс. 16,2; 30,23; 1Сам.1,6; Лк.1,25.
Стариот Завет и несаканото пометнување, строго го осудувал и казнувал, затоа што и зачетокот (фетусот) се сметал како веќе роден човек.
Христијанството, уште со самата своја појава, станало против абортусот. Патролошкиот спис Дидахи или “Учењето на 12 апостоли”, пропишува: “Да не тровиш ниту убиваш дете во материцата, нити родено дете да погубуваш”.
Апостолскиот маж Варнава исто така вели: “Не убивај дете нити во утробата, нити по раѓањето” (Гал. 19,5).
Против пометнувањето пишуваат и други свети Отци и црковни писатели. Апологетот Атинагора, во II век, одбивајќи ги незнабожечките оптужби против христијаните за божемна антропофагија (човекојадство) вели: “Како ние христијаните би можеле да убиваме луѓе, кога тврдиме дека оние жени кои употребуваат средства за пометнуваето се убици и дека за тоа ќе одговараат пред Бога”. Знаменитиот христијански апологета Тертулијан, исто така, тврдел оти пометнуваето на зачетокот не е дозволено: “Оневозможувањето да се роди дете треба да се смета за убиство”.
Ориген вели: “Жената, која прави и други гревови, можеби и потешки отколку што е прељубата, како што е отровувањето и убивањето на младенци во својата утроба, може слободно да се отпушти”.
Свети Василиј Велики пропишува казна за убиство над оние кои смислено го умртвуваат зачетокот во утробата. Дури овој свети отец ги сметал за убијци и оние кои даваат вештачки питија со цел да се пометне (8 пр.).
Блажени Ероним ги осудува жените кои со медикаменти вршат пометнување, говорејќи дека тие не само што се изложуваат на опосност од смрт, туку чинат тростран престап: блуд, самоубиство и убиство.
Трулскиот Вселенски собор во своето 91 правило вели: “Жени, кои даваат лекови за пометнување и кои земаат отрови што убиваат плод, ги казнуваме како убијци. Такви жени ќе се удостојат за света причест дури по десет годишно усрдно каеење.”
Смртоносни последици од смртоносни дела
На тој начин, откако Го “убивме” Бога во својата атеистичка свест се убиваме и уништуваме самите себе. Иднина на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина. Нашиот живот без Животодателот Бога се идентификува со смрт.
Тоа е судбината на сите земји во кои владее атеизам и антитеизам. Со таа бела смрт се опфатени сите, како источните легално атеистички, така и западните илегално атеистички замји. И нашата земја е меѓу нив.
Овие мачни последици од богоотстапувањето посебно тешко ја погодува Македонија, поради нејзината специфична положба. Додека кај нас бројот на христијанското насаление рапидно опаѓа, кај припадниците на исламската вероисповед најрапидно се зголемува, и библиските зборови “Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа”(1Мојс. 1,28) се однесуваат само за нив. Бог како да повикува друг народ, кој како повеќе да му е оддаден. Во колкава мера изумира веќе атеизираното македонско население, во толкава, па и поголема мера се множи исламското население. Во догледно време има тенденција, припадниците на исламското население, бројно да се изедначат со христијанското македонско население, а потоа да станат мнозинство. Со тек на времеда бидат доминантно, а најпосле и во апсолутно мнозинство, што ќе претставува крај на животната драма на македонското население во овој регион. Тоа ќе се потврди и во примерите што следат.
Јазикот на бројките - последна опомена
Нашето македонско семесјтво, денес, обично, брои едно, а најмногу две деца, или 1,7 дете во просек. Од тој веќе дефицитарен број некое дете и умира, некое не стапува во брак, некое се разболува, и слично., па она 1,7 ќе се сведе на 1,3 дете. Тоа значи на секој родител му припаѓа по 0,65, значи не цело дете! Тоа говори дека нашето семејство е опфатено со тешка смртоносна болест. Стануваме народ без младост, народ на старци. Во домовите има повеќе старци отколку деца! Личиме на сонце во зајдување. Нашето најмило си го положуваме како трагична жртва на олтарот на неверието и богоборството. Тоа е нашиот поразитален биланс во повеќе децениската непресметлива и безсмислена битка против Бога-Господарот на животот и смртта!
Поради неприродното преквалификување на жената, ние ги губиме и жената, и мажот, и децата. Во крајна инстанца, вршиме масовно самоубиство
-национално самоистребување. Некој, ако повреди или убие макар и еден наш државјанин, ние сме во состојба да ја бараме интервенцијата дури ако треба и пред меѓународни институции, иако на овој начин сами го уништуваме поголемиот дел од иднината на нашиот народ! Каков импотентен дух?! Каков ерозиран морал?!
Од друга страна, пак, за сметка на православното македонско население, рапидно расте исламското население, зашто Бог како да не сака земјата да остане без луѓе (1Мојс. 1,28). Исламските семејства имаат обично од 6-8 деца. И од нив доколку се случи некој предвреме да умре, да не стапи во брак, и сл., - сепак во просек ќе останат по околу 5,5 деца, или 2,75 деца на секој родител.
Според таа состојба, на пример, денешните милион Македонци, по триесет години, во 2015 година*, колку отприлика што е потребно време за создавање на просечно семејство, ќе се намалат на 650.000 православни Македонци, додека Исламското население ќе се зголеми на 1. 375. 000 жители.
При наталитетот каков што е денес, ако се обидеме да ја пресметаме бројната состојба на населението за уште една генерација семејства во следните триесет години, ќе добиеме резултет дека во 2045 година во Македонија ќе има 3.781.250 припадници на исламското население; додека бројот на христијанското македонско население ќе се намали на 422.500, или 9,33 помалку од исламското, односно еден десетти дел од вкупното население во Македонија.
Мегутоа, ако и понатаму наталитетот на православното македонско население опаѓа како од Втората светска војна досега, тој однос ќе биде уште понегативен за нашиот народ.
Ако пред војната, кога жената беше повеќе мајка и совесно ги чуваше своите деца, и тогаш нашето семејство имаше просечно четири деца, по војната, за време на минатите читириесет години, тоа се редуцира на 1,7 дете, а, веројатно, за наредните четириесет години - значи во 2025 година православното македонско семејство ќе биде скоро бездетно! -Од неколку семејства ќе има само едно дете и тоа од онаа жена, која ќе се осмели да роди дете, и по цена да биде наречена “назадна”, зашто си дозволува да си ја “труе убавината и свежината на телото!”
За тоа време припадниците на останатите етнички, национални и верски групации ќе добијат простор и замав уште повеќе да го зголемат својот и така висок наталитет, а македонско население, кое сега е се уште побројно, ќе се намалува и исчезнува.
Тогаш, постои можност, нашата земја да не вика Македонија, туку да биде составен дел на некоја соседна земја. И сега во Скопје илегално излегува албански весник по име “Вардарска Албанија”. Дали тоа е случајно и дали сме ја разбрале неговата порака? Во секој случај, тие сега се уште тајни освојувачи, кон нас нема да се однесуваат благо како ние кон нив. Тие ќе вршат силни, ним својствени притисоци (пример ни е Косово), со цел да го асимилираат остатокот од нашето население. Наместо Македонци и христијани, ќе се викаме поинаку и ќе бидеме муслимани. Тоа е принцип на исламот. Така диктира Куранот. Историјата на исламот е историја на насилие и принуда кон се што не е муслиманско, со кое доаѓа во контакт преку војна и сл. Турскиот султан Сулејман “Велелепни”, во ЏВ век, кога војувал против христијанските народи, наредил да му се четка оделото на бојното поле и да се собира прашината, за кога ќе умре да му ја стават во гробот до глават за да ја мириса како рајско благоухание! Впрочем, зарем малку примери имаме од робувањето под Османлиите. Турција, таа некогаш христијанска земја, преку сила и принуда била освоена и претворена во исклучиво муслиманска земја, во која едвај се зачувале 80.000 христијани од вкупните 50.000.000 жители. Тоа, веројатно, исто така, ќе стане со Македонија во блиска иднина, доколку вака брзо продолжи да опаѓа наталитетот кај македонското население.
Македонија од пет вековното ропство под Турците Османлии излезе духовно и национално појака, благодарение на приврзаноста кон Црквата, додека сега, без Црква, во период од само четириесетина години слободен живот, ние се најдовме национално и духовно обесилени до критична граница.
Дали постои лек против сегашната незавидна состојба
Ако се случи нашиот народ, соочен со идната национална катастрофа, не се пробуди и не почне да се множи, и ако тоа пробудување не го направи во блиска иднина и со соодветна мерка - припадниците на исламот, штом станат мнозинство, ќе почнат да вршат притисок врз православното македонско население и ќе настојуваат да му ја наметнат својата вера и националност или ќе го принудат на исселување, како што е случај на Косово: “666 чисто албански села и населби”. Затоа, ако сме разумен народ и ако во нас тлее националната искра, случајот со Косово - може многу да не поучи.
Еве, како слободата и демократијата без Бога поминуваат во д е м о н к р а т и ј а!
Историчарите и забележуваат на Македонија дека без отпор го примила османлиското ропство. Дали и ние сега без отпор ќе ја дочекаме репризата на тешкото турско ропство? Дали треба да се помириме со опасноста која брзо се приближува и со мирна душа да го чекаме претварањето на нашата македонска земја во немакедонска и нашиот христијански народ во исламски? -Тоа никако не би смееле! Тогаш ние би се огрешиле и кон Божјата заповед за множење на населението и владеење со земјата (1Мојс. 1, 28), и за нас нема да се однесуваат зборовите: “Кој победува, ќе наследи сi, и ќе му бидам Бог, а тој ќе ми биде син”(Откр.21,7). Таа Божја повелба и ние треба да ја исполнуваме како оние што ја исполнуваат, за да не ни припадне нам укорот Божји: “А на плашливците и неверните, на поганите и убијците, на блудниците и магесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото, што гори со оган и сулфур”(Откр. 21,8).
“Множете се...”
Поради тоа, во името на Бога, би требало да се направи усилба за зголемување на бројот на децата и во македоснките семејства. За таа цел можеме да предложиме две алтернативи:
1. По примерот на многубројните деца кај исламското население, христијаните би можеле да одговорат исто така со раѓање на голем број деца, па кога ќе се јави опасност од супернаталитет, тогаш да се донесе закон за намалување на бројот на децата во семејството. Меѓутоа, претставува тежок и едвај совладлив проблем постигањето голем број деца во семејствата кои се научиле на спротивното, иако тој начин би бил најправеден. Но една долгорочна програма и сеопштествено ангажирање овој начин може да го афирмира и да му обезбеди успех.
Поголемиот број деца претставува императивна потреба за скоро сите западноевропски, па и источноевропски земји. Тие сега се принудени да увозуваат работна снага од вишокот на работна рака во исламските земји каде наталитетот е неконтролиран и стихиен. Но со текот на времето таа увезена сила на своите домаќини ќе почне да им ја наметнува својата “култура”, својата “цивилизација” и својата вера. Во крајна линија можат да им ја населат и земјата! Скоро ист е случајот и во СССР, што можевме да дознаеме во разговор со млади руски интелектуалци. И таму се чувствува загрижувачка разлика во наталитетот во полза на исламското население од задкавказките земји. И таму е присутна активна и обеспокојувачка експанзија на работници од исламските во христијанските подрачја.
Сличен е случајот и во САД, каде обоеното население е во пораст, а белото во опаѓање.
Значи, веќе е време да се планира и на демографски план со цел да се земат во заштита поедини етнички, расни и религиозни групации, со цел да се сочуваат народите, намалување на меѓусебните контакти и непријателства и обезбедување на мир меѓу државите и во светот. Уште повеќе затоа што немирите и војните веќе стануваат трагични и катастрофални за сиот свет.
2. Како втора алтернатива за решавање на постојните спротивности би можела да биде: Наместо досегашните едно или две деца во христијанските семејства - да има по три или четири. Во Светото Евангелие не се говори за бројноста на децата. Но се знае дека Господ Исус Христос ги сакал децата: “Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на такви е царството небесно”(Мт.19,14). Светите Отци со симпатии и надеж гледале во децата, како услов за одржување и напредок на Божјиот народ. Познатиот англиски државник Винстон Че