Светите води  

Од чудото што се случило во Бањата Витезда дознаваме дека и во времето на Господ Исус Христос постоеле свети води каде што лечењето не било прородно туку натпрородно. Во евангелието според Јован 5, 4 е и опишан начинот на лекување: “зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел Господ и ја раздвиижуваше водата; и кој прв ќе влезеше по раздвижувањето на водата, оздравуваше од каква и да било болест да боледуваше”. Сепак да објасниме дека не можело да се види како ангелот ја раздвижува водата, туку само како небесните сили дејствувале на водата.
Во нашата Православна Црква постои и чин на осветување на вода. Потребно е да се нагласи дека свештеникот не прави никаква магија над водата туку таа се осветува “со силата и дејството на Светиот Дух” кој го призиваме во молитвите при осветувањето: “За оваа вода да се освети со силата и дејството и слегнувањето на светиот Дух; да слегне врз оваа вода очистително дејство на вечната Троица ...”.
Потоа има безброј на свети води каде што се лекуваат и излекуваат мнозина болни. Ќе го спомнеме изворот на Света Богородица. Кој е познат по празникот Источен Петок (Блаклија).
Може да се констатира дека во сите случаи делува благодатта Божја.
Светата вода не е суеверие таа е Глас Господен.


Познакомься с народом
Напишите мне



Сайт создан в системе uCoz
Проф.д-р Емилија.Петрова Ѓорѓева Универзитет„Гоце Делчев“- Педагошки факултет – Штип Музичка дијагностика – педагошки наблудувања и расмислувања Апстракт Една од карактеристичните црти на современата педагогија е музиката и исклучителниот динамизам во истражувањето на интелектуалните процеси на децата. Аналитичко синтетичката дејност на музичкиот јазик, кој по својата суштина се одликува со голем степен на апстрактност,откривањето, разбирањето и осмислувањето на кодираната информација(музичката е точно таква),извлекувањето на концентрирано по обем знаење се содржи во определени видови музикални звуци(интонација,жанр и.т.н),а тоа се дејности низ кои мора да се изградуваат„ ешалоните„ не само на музичко – мисловната, туку и на општоинтелектуалната дејност,која заедно со социјалниот интелект би можела да ја обезбеди идната реализација на современиот млад човек. Образовните цели претставуваат планирани промени во личноста на детето-ученикот, кој се однесуваат на информациите што ученикот треба да ги стекне за даденото музичко занимање,односно на дадениот час,а што се однесуваат на целокупните сознанија до кои дошол човекот воопшто, и науката посебно, во својот развој.Во наставата тие информации се однесуваат на сите научни подрачја предвидени со дадените наставни програми. Сите тие богати сознанија се дадени во различни форми и како такви чинат различни видови знаења што треба да им се претстават на учениците, од кои се очекува нивно усвојување. Функционалните цели на часот претставуваат предвидување на одреден напредок во формирањето и развојот на психичките процеси(функции) кај ученикот и зголемување на можноста за нивно користење во различни ситуации каде што тоа им е потребно.Класификацијата на функционалните цели е одреденаод поделбата на психичките процеси во псисохологијата. Од друга страна, секој од тие психички процеси претставува доволно сложен поим и појава, сто може посебно да се расчленува.Функционални цели на наставниот час претставуваат и формирањето и развојот на умеењата и навиките со кои учениците изведуваатодредени операции. Покрај промените што настануваат во подрачјето на знаењата, а што се дефинира како постигнување на образовни цели,промените што настануваат во оспособувањето за користење на одредено психичко-педагошки процеси и формирањето на умеењата и навиките,што се дефинирани како постигнување на одредени функционални цели,под влијание на боспитно-образовната работа во воспитно-образовните институции и на секое занимање или наставен час,во личноста на ученикот настануваат и други значајни промени кон чие формирање и развивање,воспитно-образовната институција (воспитувачите-наставниците) треба да се стремат систематски и осознаено. Тие промени се однесуваат на формирањето на одредени карактеристики на неговата личност,на неговиот однос кон појавите и состојбите во околината воопшто,за односсот на поединецот кон самиот себе и сл. Гледано пошироко,тука се работи за промени што можат да се наречат карактерни особини на личност. Важно е да се истакне методското начело дека и правилното водење на наставата по музичко образование и воспитание никогаш не би имала за цел потполно да го искристализира знаењето кај ученикот за музиката и за нејзините естетски законитости, туку да ја развие учениковата умешност, тој да може на свој личен,индивидуален,меѓутоа секогаш јасно и свесно образложен начин да се постави како уметничко дело. Култивирањето на естетското проучување,формирање на естетските вредности,перцепцијата и музичкиот вкус ја чинат самата срцевина на музичкото образование. Како резултат на ова може да се добие развиена музичка свест на идниот граѓанин,кој што музичко-уметничката проблематика ќе ја опфати во толкава мера колку е таа условена со енговите индивидуални музички предиспозиции. Не треба да се има никаква присилба над природата,туку треба само неговите скриени можности да се откриваат во релативна мерка што ги одредуваат психолошките,воспитните и општествени чинители (предиспозиција,училиште средина). Музичко-воспитниот процес како и секој наставно-воспитен процес во сите свои етапи и степени е повикан да ја едуцира,развива и формира личноста. Двата општи патишта за восприевање на сознанието-сетилен и апстрактно –логичен,важат и за наставниот процес во музичките дисциплини. Улогата на слушните и сензибилните сетила, на восприемањето и претставите во музичко-воспитниот процесе значителна. Недопусливо е да се омаловажуваат сетилниот или логичниот пат за добивање на сознание, заради фактот дека музичко-уметничкиот факт претставува неразделно единство од сетилна конкретност во уметничката обопштеност. Карактерот на сензорните сознанија ја определува понатамошната мисловна дејност, а соигурената вискоа сознајност во целост во музичко-воспитната работа го определува резултатот на крајниот ефект. Со редовно натрупување на знаења,со усвојувањето на наставните содржини, се збогатува и практичноста кај учениците. Постепено тие го совладуваат и рационалниот начин и потфат за оперирање со тие знаења, за користење во други дејности. На тој начин паралелно со емоционалното и во интелектуалниот развој на учениците се создаваат и суштествени промени. Квалитативна карактеристика на современата личност би била непотполна ако не се определи целосност и вредност на системот. Тоа е условено и од формираната дејност на музичко-воспитниот процес. Заедно со емоционално-сознајните, во практичната дејност низ наставниот процес во музичките дисциплини, се вградуваат идеи и погледи на светот оценувачки критериуми (естетски и морални) и умеења за дејствување на внатрешната (психолошка) и надворешната (психомоторна) активност. Наставно-воспитниот процес ги става учениците во конкретни социјални односи. Ученичките микроколективи се поволна средина за утврдување на социјалната средина за развивање на мотивациски систем,насочен кон самоутврдување и саморазвивање низ училишниот период и при завршување на образованието. А освен тоа,музичко-воспитниот процес има уште една особина –тој обединува две крајни противречности: едната е формирање на творечка личност со “солистички” квалитети, а другата-добивање чувство за колективизам. Тоа има големо значење во музичката практика и при изучување на инструмент, но има свои форми и во теоретските дисциплини. Во современите општествени сваќања се формира и искристализира принципиелно, потполно одреден став спрема музиката, музичкото воспитание и образование. Првин, музичкото образование било ставано и сваќано како интегрален дел во целосниот развој на личноста, дел за сестрано формирање на човекот, неговите духовни, емоционални и творечки способности, подвлекувајки дека тоа е развој на индивидуалност, но и хуманизација на целокупниот човечки живот и работа. Музиката според тоа, е составен дел на општественото движење, која и во минатото била сретство за идеолошка борба. Меѓутоа веќе не се користи против човечкото слободно сваќање и изразување стана значаен фактор на слободниот човечки дух. Зближувајки поединци и маси, богато му се оддолжува на општеството за се што е вложено во нејзиниот развој и ширење. Според тоа општествените работи и темели на музикото воспитание и образование цврство се поставени. Имено, како ракција на поранешните интелектуално-теоретски становишта и догматскиот пристап на схоластицизмот и педоцентризмот во односот ученик-музика, доаѓа до потполно дистанцирање од било какво воопштување, па самодоживувањето на музиката се смета како бите фактор за разбирање на уметничките дела. Така се оди во друга крајност исто така еднострана како и онаа порано. Според тоа, јасно е дека современата музичко-педагошка концепција стои на становиште дека музичкото воспитание треба да опфаќа и основни елементи на образовниот процес. За да се постигне такво насочуваше и соодветен однос, во музичко-педагошката практика е потребно да се тргне од доживувањето, бидејки кај слушањето музика тоа е примарна реакција, а потоа постепено да се настојува извесно искуство, откривање на законитост, креирање и формирање на музичкото дело, што значи влијание и создавање одредено музичко теоретско знаење. Поаѓајки од ваквото сваќање современата настава по музика во општо образовните училишта може да се организира во рамките на различни предметни подрачја кои гледано од теориски аспект, можат да се систематизираат и опишат, но кои во музичко-педагошката практика претставуваат само патокази што водат кон единствена целовита воспитно-обтазовна цел. Зголеменото инсистирање на еднопредметно подрачје значи да се загрозува неопходната рамнотежа внатре во воспитно-образовниот процес, па според тоа, се доведува и до прашање и неговиот конечен резултат. Предметните подрачја,разбирливо имаат своја вертикална линија и во рамките на секоја од нив, постапно се остваруваат поставените задачи во однос на нивната сложеност. Односно, нема никаква причина и овде да не се применат познатите дидактички правила изведени по принципот на систематичност и постапност : од блиску кон далеку, од едноставно кон сложено, од лесно кон тешко и од познато кон непознато. Ова е значајно да се нагласи, бидејки токму во музичката настава сеуште релативно често се јавува извезна педоцентрична состојба. Поаѓајки од спонтаниот детски интерес, наставата се претвора во игра и забава, свесно се избегнува нејзината систематичност и образованието се смалува или потполно се занемарува. Во крајна линија, со ваквата постапка воспитно-образовниот процес се одалечува од науката и уметноста воопшто, а ученикот се затвора во “неговиот свет”, што во современото општество не може да претставува прогресивна орјентација. Конечно, во систематизацијата на предметните подрачја можат да се диференцираат и предметни области како делови на едно предметно подрачје, што може да ја олесни постапката за рамномерно ангажирање на воспитаникот во сите видови на воспитно-образовните постапки што се раеализираат. Треба да се нагласи дека оваа систематика не значи оддалечување од музичко-теоретските мисли. Напротив, во содржините на сите предметни подрачја и области се присутни музичката теорија, солфеж, хармонија, науката за музичките форми, науката за инструментите и историјата на музиката, но секако во согласност со основните цели и задачи на воспитно-образовниот процес, неговата принципиелна определеност и психо-физичка возраст на воспитаникот. Методолошката основа на психо-акустичките истражувања ја сочинуваат експериментите со кои се обезбедува целосна контрола, како при создавањето на стимулусите и регистрирањето на реакциите, така и при останатите релевантни услови. Висината, како најзначаен психолошки атрибут на тонот спаѓа меѓу најистражуваните феномени на психо-акустичните основи на музиката. Според бројноста, следат истражувањата на гласноста, како перципирана сила, јачина на тонот. Тонскиот квалитет (бојата) поради својата мултидимензионалност во помала мерка е предмет на психо-музичките студии. Практичната примена на музиката е исто така предмет на психо-музичките разгледувања, иако студиите во повеќе подрачја на примена не се посебно бројни и не го надминуваат експлоративното ниво. Покрај естетските и експресивните, музиката има и цела низа “немузички” функции: во зависност од карактерот таа стимулира или смирува, се користи како сретство за зголемување на ефикасноста на процесите на учење, нејзината примена во индустријата се проучува од аспект на влијанието врз работниот морал и продуктивноста, а како “ позадина” музиката овозможува хуманизирање на околината во различни институции и на јавни места. Во терапевтски цели, музиката систематски се користи од пред неколку децении, со тенденција на проширување на обемот на примена. Со стимулативното, смирувачко или социјализирачко дејство, на музиката се сака да не се помогне во предизвикување пожелни промени во однесувањето на пациентот. 1.Vujaklija, M, Leksikon stranih reci I izraza,Prosveta Beograd,1974. 2.Jelavic,F,Didakticke osnove nastave,Slab.Jastrebacko,1995. 3.Василева, Е, Педагогика на духовноста или висшите на образованието,Педагогика, број 9,2002. 4.Георгиев,Л Принципи на педагогическата дејност, Педагогика, број 8,2003